Во зима, металните перголи ве штитат од врнежи, студ и ветер. Во лето освен засенчување обезбедуваат и вентилација. Биоклиматските перголи се состојат од ротирачки летви кои овозможуваат регулација на светлината, вентилација и заштита од неповолни временски услови. Нивниот дизајн се заснова на принципите на биоклиматиката, која користи природни елементи како што се сонцето, ветерот и воздухот за да се постигнат оптимални услови во просторијата.
Металните перголи овозможуваат удобност и користење на надворешниот простор во текот на сите сезони. Со додатоци како што се лизгачки стаклени панели, странични метални панели или ролетни со патент, можете уште повеќе да го приспособите вашиот агол на мир и релаксација.